1. Прифаќање на условите
Со регистрација или користење на МИЛО потврдуваш дека ги прифаќаш овие услови и важечките правила на заедницата. Ако не се согласуваш, немој да ја користиш платформата.

За родители, со љубов
Овие услови објаснуваат како одговорно да ја користиш платформата МИЛО и кои се правата и обврските на секој член.

Со регистрација или користење на МИЛО потврдуваш дека ги прифаќаш овие услови и важечките правила на заедницата. Ако не се согласуваш, немој да ја користиш платформата.
Податоците треба да бидат точни и ажурирани. Ти си одговорен/на за заштита на лозинката и за активностите направени преку твојот профил.
Не се дозволени измама, навреди, дискриминација, закани, забранети производи, туѓи фотографии без дозвола или содржина што ја загрозува приватноста на деца и родители.
Договорите меѓу корисниците се склучуваат директно. МИЛО не е страна во договорот и не гарантира состојба, достапност, плаќање или преземање на предметот.
Задржуваме право да отстраниме содржина, да ограничиме пристап или да суспендираме профил кога правилата се прекршени или постои ризик за заедницата.
Условите може повремено да се ажурираат. Датумот на последната промена ќе биде објавен на оваа страница.