Идеи за здрави ужинки што децата навистина ги јадат
Барам едноставни идеи за ужинка без многу шеќер, кои можат да се подготват однапред. Што најчесто подготвувате за дома или за во градинка?

За родители, со љубов
Барам едноставни идеи за ужинка без многу шеќер, кои можат да се подготват однапред. Што најчесто подготвувате за дома или за во градинка?
Овесни мафини со банана и јогурт со овошје ни се најпрактични. Секако, приспособете според возраста и евентуалните алергии.
Тостерки со банана и боровинки
1 банана
1 јајце
2 лажици овесно брашно
една рака боровинки
малку вода за бебе/дете каква давате (околу една лажичка) или лажичка грчки
прстофат цимет
по желба и сосема малку какао
Подготовка:
Банана се гмечи во сад, во него се додаваат јајце, брашно и останати состојки и се меша се заедно убаво без да останат грутки. доколку е потечна смеса, се додава уште малку овесно брашно. Доколку е многу густа, усште малку водичка. Смеса потоа се става во тостер. Тостерки не треба да бидат ни живи но ниту препечени.
Јас ги ставам на хартија за печење во самиот тостер и вртам од двете страни за поубаво да излезат.
Превкусни се и мојата ќерка ги обожава !
Најави се за да одговориш или зачуваш тема.
Најави се